ФОТО: Пелистер ја доби Слога, Воска ја освои Струмица, езерското дерби за Охрид

Пелистер го положи испитот наречен експресен кам-бек во елитата, откако на домашен терен со 3:0 беше убедлив против Слога од Виница, натпревар кој гледачите на телевизија М Нет и Спортска Мрежа го следеа во живо.
Во рамки на 8. коло од Втората македонска фудбалска лига, четата на Марјан Секуловски конечно победи, откако во претходно коло загуби со минимални 1:0 во Радовиш од Детонит Плачковица, а пак во шестата рунда дома одигра 1:1 во дербито со Воска Спорт.
Денешниот триумф против Слога за Пелистер е од големо значење на патот кон враќање во Првата македонска фудбалска лига.Резултатот на „Петар Милошевски“ го отвори Христијан Драгарски уште во 1. минута.
Во вториот дел Никола Наумоски ја дуплираше предноста, а Петар Љамчевски ги постави конечните 3:0 во судиското надополнување.
Тетекс доживеа вистинска катастрофа, откако дома беше декласиран од Гостивар со високи 0:7. Антонио Каланоски постигна хет-три, а по еден гол постигнаа Стојанчо Велинов, Ѓорѓи Танушев, Виктор Крстевски и Хусеин Демири.
Кожуф го смени тренерот и конечно победи, откако со 3:2 го доби дуелот со Саса. За домашниот тим двоен стрелец беше Никола Костадинов, а третиот гол беше дело на Андреј Кудијан, додека пак за гостите стрелаа Кире Трпчевски и Даниел Иванов во судиското надополнување.
Детонит Плачковица сосема очекувано славеше над “фенерџијата” Борец на домашен терен со минимално 1:0. Стрелец на погодокот во Радовиш беше Филип Димовски. Вардар во дуелот со Беса славеше исто така со минимални 1:0, стрелец на победничкиот гол беше Бенјамин Демир во 69. минута од мечот.
Воска Спорт го доби дуелот во Струмица, каде славеше со 1:3 над Беласица. За охриѓани стрелци беа Бехар Фета, Албин Рамадани и Ален Јашароски. Единствен стрелец за струмичани беше Андреј Симевски кој погоди уште во 1. минута од мечот.

Езерското дерби го доби Охрид, кој со 1:0 славеше над Караорман, со голот на Роберт Митев постигна во првиот дел од мечот, додека пак Арсими и Локомотива Пехчево го поделија “пленот” во меч без погодоци (0:0).
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:
