ЕУРО 2020Фудбал

ФОТО: Пандев доби специјален дрес за последниот меч за Македонија од Холанѓаните!

Горан Пандев го игра последниот натпревар во дресот на Македонската репрезентација против Холандија. Капитенот со 122 натпревари за националниот дрес ќе ја заокружи репрезентативната кариера.

Струмичанецот по 20 години кариера го исполни својот, но и сонот на цела нација, Македонија да игра на едно големо натпреварување како што е Европското првенство. Пандев беше стрелец на клучниот гол против Грузија за пласман на ЕП, а против Австрија беше стрелец на првиот гол за Македонија на Европските натпреварувања.

Пред натпреварот капитенот на холандиската репрезентација Џорџино Вајналдум покажа почит кон големиот Пандев и му подари дрес со број 122 во чест на неговата бројка настапи за националниот тим.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!