ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ФОТО: Пандев до Ангеловски: Направи да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг!

Горан Пандев стави крај на репрезентативната кариера по одигрувањето на последниот натпревар на Европското првенство против Холандија, а тој натпревар беше последен и за селекторот Игор Ангеловски.

Струмичката гордост и гордост на цела Македонија, капитенот Горан Пандев, напиша порака на социјалните мрежи до популарниот Мрме. Селекторот Ангеловски е човекот кој се качи во авион отиде во Италија и го убеди Пандев да се врати во репрезентативниот дрес и заедно да направат историја за македонскиот фудбал, нашата репрезентација да се пласира на Европско првенство.

„20 октомври 2015 година – кога се сретнавме првпат во твоите очи видов енергија, сигурност и голема желба за враќање на репрезентацијата во живот… Ги паметам зборовите кога ми кажа дека од репрезентацијата ќе направиш едно големо семејство и целта е Македонија да се пласира на Европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше многу препрели, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија… Шефе, благодарам е малку да кажам. Го сплоти македонскиот народ, направи да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг… Затоа сакам да ти кажам, вечно ќе останеш во моето срце“, напиша капитенот на Инстаграм.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!