ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Овче Поле со СЕДУМКА го потопи Дојранско Езеро, по три бода за Рудар и Карбинци

Овче Поле ништо не го запира на патот кон баражот за Втората фудбалска лига, откако денес со убедливи 7:0 го потопи Дојранско Езеро на домашен терен во Свети Николе.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Убедливата победа во Свети Николе беше најавена уште во првиот дел кога Овче Поле на полувреме имаше водство од 3:0, а тоталната доминација беше потврдена во вториот дел со нови четири погодоци.

На Градскиот стадион во Свети Николе имаше неколку стотици публика што беше силна поддршка за Овче Поле во дербито на колото против Дојранско Езеро, но домашните фудбалери приредија тотално уживање за публиката и немаше ниту „Д“ од дерби. Синиша Петров постигна хет-трик за неговиот тим, а двоен стрелец беше Марио Панев, а по еден гол постигнаа Никола Лазев и Јован Митевски.

Карбинци конечно се израдува на прва сезонска победа откако на домашен терен со минимални 1:0 го доби Чешиново 2015 во локалното дерби.

Победничкиот погодок падна во вториот дел, а стрелец на истиот беше Јоце Велинов.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Рудар нанижа втора победа во третолигашкото друштво на Истокот, откако на домашниот терен во Пробиштип со минимални 1:0 го доби дербито со Малеш.

Трите бодови за „рударите“ ги обезбеди Даријо Трајановски кој погоди во 31. минута од мечот за голема радост на неговата екипа.

Извештајот со стрелци од сите натпревари од 5. коло на Трета лига – Исток го овозможи Revolution Development.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!