ФОТО: Овче Поле го „здроби“ Дојранско Езеро, Чешиново го „распука“ Карбинци, Малеш триумфираше над Рудар

Денес се одиграа натпреварите од последното 10. коло од Трета лига – Исток со што беше комплетирана сезоната.
Шампионот Овче Поле со убедливи 1:5 го „здроби“ Дојранско Езеро среде Дојран и со триумф ќе патува во баражот за Втора лига. По првиот дел гостите од Свети Николе имаа убедлива предност од 0:3, а во вториот дел Овче Поле рутински го доби Дојранско Езеро. За домашниот тим стрелаше Оливер Маринковиќ, а пак за гостите Дарко Нацев беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Никола Лазев, Андреј Панев и Марио Панев.

Малеш со 3:2 го доби Рудар на домашен терен преку пресврт во супер возбудлив меч кој беше одигран на Градскиот стадион во Берово. Гостите од Пробиштип имаа водство од 0:2 со погодоците на Младен Нандев и Марио Атанасовски, а пред крајот на првиот дел Марјанчо Пачарски погоди и намали на 1:2 на полувреме.
Во вториот дел Малеш направи комплетен пресврт во финишот од мечот, откако Глигорчо Арменски во 80. минута стрелаше за 2:2, а шест минути подоцна Димитар Каракутовски погоди за 3:2 и големи три бода за беровчани.

Во локалното дерби Чешиново 2015 со убедливи 6:0 го „распука“ Карбинци на домашен терен. Тоше Стојанов и Антонио Божинов беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Столе Тодоров и Радомир Лефков.