Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Останува на Олд Трафорд: Мата уште една година во Јунајтед

Шпанскиот фудбалер Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, што значи дека ќе остане на „Олд Трафорд“ до јуни 2022 година.

Како што беше најавено претходните месеци, 33-годишниот Мата ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“ за уште една сезона.

„Иако минатата сезона одигра само 18 натпревари, делумно поради приватни проблеми, придонесот на Матa беше голем“, се вели во соопштението.

„Влијанието на поранешниот светски шампион врз младиот тим на Оле Гунар Солшер е од непроценливо значење и менаџерот му дава голема поддршка на шпанскиот фудбалер.

Искусниот играч за врска пристигна на „Олд Трафорд“ во 2014 година од Челси. Одигра 273 натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигна 51 гол.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!