РакометРакомет - Суперлига

ФОТО: Охрид убедлив во Радовиш, Пролет падна во Битола, Бутел со триумф во Струга

Денес со три натпревари беше отворено 4. коло од ракометната Супер лига. Во Битола падна и Пролет, Бутел славеше во Струга, додека пак Охрид со убедлив триумф се враќа од Радовиш.

  • Радовиш 19:26 Охрид

Ракометарите на Охрид се вратија на победите, откако во СРЦ „25-Мај“ беа подобри од Радовиш со сигурни 19:26. Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа одличен натпревар особено во вториот дел каде направија најголема резултатска разлика во однос на противникот.

ФОТО: Спортска Мрежа

Првото полувреме се играше доста израмнето, гол за гол, а во последните минути Охрид успеа да направи разлика и на полувреме да замине со 7:10. Во вториот дел охридските ракометари тргнаа доста одлично и на 15 минути пред крајот на од натпревар имаа највисока предност од 11:19. До крајот на натпреварот Охрид немаше проблеми и на крај стигна до конечните 19:26.

Поврзани Наслови

Најдобар во редовите на Радовиш беше Александар Вујниќ со пет гола, додека пак кај Охрид најдобар беше Филип Кривокапиќ со седум гола, а го следеше левото крило Крсте Андоновски со пет гола.

  • Еурофарм Пелистер 2 29:22 Пролет

Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен запиша многу важна победа против директниот ривал за место во плеј-офот, откако денес со 29:22 беше подобар од Пролет.

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет

До триумфот Еурофарм Пелистер 2 го водеше левото крило Цветан Кузманоски со осум погодоци, а два помалку постигна Павле Атанасијевиќ. Најдобар во редовите на гостите беше левиот бек Дејан Пецаковски со пет погодоци.

  • Струга 16:25 Бутел

Ракометари на Бутел денес во Струга го запишаа својот трети сезонски триумф, откако со резултат од 16:25 славеа над струшкиот ракометен суперлигаш. Најдобар во редовите на Струга беше Мартин Табаковски, додека пак кај гостите од Скопје најдобри беа Мирко Мајиќ и Саша Пуљизовиќ со по четири гола.

Струга – Бутел

Колото ќе биде комплетирано утре кога ќе бидат одиграни останатите три натпревари. Скопје 2020 на домашен терен ќе игра против Прилеп, Тиквеш ќе се соочи против Металург, додека пак во „Јане Сандански“ се игра дербито на колото меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Сите натпревари ќе можете да ги гледате во ЖИВО на Спортска Мрежа со преноси овозможени од РФМ/

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!