ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ФОТО: Охрид ремизираше на првиот контролен натпревар со Гостивар

Второлигаш Охрид денес го одигра првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки. Охриѓани ремизираа играјќи 2:2 против второлигашот Гостивар на „Билјанини Извори“.

За Охрид погодоците ги постигнаа Целески и Кадриоски.
>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ, ХОТЕЛИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА НА КОТВА.МК <<<

Како што претходно објави Спортска Мрежа, Охрид до крајот на подготовките ќе се тестира против прволигашот Скопје (2. февруари), прволигашот Струга Трим Лум (5. февруари) и второлигашот Кораб (12. февруари).