Европски ФудбалФудбал

(ФОТО) ОФИЦИЈАЛНО: Горан Пандев уште една сезона во Џенова!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денес стави потпис на едногодишен договор со Џенова, со што ја продолжува клупската кариера.

Откако стави крај на репрезентативната кариера по завршувањето на Европското првенство, Пандев ќе продолжи со клупскиот фудбал и тој ќе биде дел од неговата Џенова до 30 јуни 2022 година.

Струмичанецот за Џенова има одиграно 156 настапи, а во претходните сезони тој беше едн од клучните играчи во борбата за опстанок во италијанската елита.

Џенова на Твитер го претстави Пандев со „Еј Сири, пушти ја плеј-листата Горан Пандев“.

Пандев цела своја кариера ја помина во Италија, од Беласица од каде и започна стигна до Интер, а потоа преку Специја и Анкона направи трансфер со Лацио, по што се врати во Интер и освои многу трофеи, како Лигата на шампионите. Една година беше дел од турскиот шампионат како играч на Галатасарај, но експресно се врати во Италија и продолжи во дресот на Џенова, а таму е од 2015 година.

Инаку, Пандев во италијанската Серија А има постигнато 101 погодок, а ова бројка сигугрно дека ќе порасне во новата сезона.

На Европското првенство Пандев беше стрелец на првиот гол на Европските првенства за Македонија, неговиот сон за настап на големо натпреварување се исполни, а се исполни и сонот на цела нација.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!