Европски ФудбалФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ФОТО: Од детето на Беласица – до најдобриот македонски фудбалер во историјата!

Вчера, Гранде Горан за последен пат играше во светиот македонски репрезентативен дрес. По две децении, Пандев од репрезентацијата се опрости како рекордер во број на настапи (122), рекордер во број на постигнати голови (38) и како апсолутна легенда, голем капитен и најдобар македонски фудбалер во историјата. Стоечки овации на стадионот „Јохан Кројф“ и поклон до земја од сите македонци и цел свет. Сосема заслужено.

Горан Пандев во дресот на Беласица

„Гоче, ФК Беласица, твојот матичен клуб е гордост твоја, па така догодина, големиот јубилеј од 100 години постоење на клубот да го прославиме заедно, со великанот на македонскиот фудбал! Честитки за големата и успешна кариера во репрезентативниот дрес“, напишаа од Беласица на социјалните мрежи.

Горан Пандев во дресот на Беласица

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!