ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
ФОТО: Новаци со триумф над Лирија го отвори 18. коло од Трета лига – Југозапад

Во воведниот меч на 18. коло од Третата фудбалска лига – Југозапад екипата на Новаци триумфираше со 2:1 над Лирија од Грнчари.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Домаќинот на полувреме имаше водство од 2:0, а погодоци ги постигнаа Александар Неданоски во 26. минута и Антонио Стојковски во 40. минута. Во вториот дел Фетан Таировски во 65. минута ги постави конечните 2:1.

Колото ќе биде комплетирано утре со останатите три натпревари. Преспа ќе биде домаќин на Кравари во Ресен, Демир Хисар ќе го пречека составот на Црно Буки, а дерби ќе играат Влазними и Македонија од Враништа.
Туристичка огласна платформа – Котва.МК ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ
Еден Коментар