ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Новаци со СЕДУМКА го распадна Канатларци на пријателски натпревар

Екипата на Новаци продолжува со интензивните подготовките за новата сезона од Трета лига – Југозапад, а во рамки на истите летни подготовки вчера беше одигран пријателски натпревар со Канатларци.

Средбата заврши со убедливи 7:0 за амбициозниот Новаци, кој во новата сезона влегува со високи цели за атак на првото место кое преку бараж води во Втора лига. Победникот беше решен уште во првиот дел од мечот, кога резултат на полувреме беше 4:0.

Стрелци на погодоците за Новаци беа Димитар Кочишки, Мартин Кузмановски, Христијан Крклински, Стефан Стефановски, Андреј Јошески кој беше двоен стрелец и Александар Недановски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!