ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Новаци славеше над Сатеска, Кораб го доби Кравари, Сеит Крека обезбеди нов триумф за Јанг Тим

Новаци запиша нова победа во Трета лига – Југозапад, откако во 11. коло славеше над Сатеска во Волино со 2:4.

Триумфот гостите го обезбедија уште во првиот дел кога имаа водство од 1:3. Хет-трик за Новаци постигна Јоцо Ѓорговски, а стрелец на вториот гол беше Стефан Јовановски. За домашниот тим погодија Стоески и Карамачоски.

Влазними доби службени три бода (службен резултат 0:3) од мечот со Македонија Враништа, која се откажа од натпреварувањето.

Кораб го доби Кравари на гостински терен со 1:3 и продолжува да ита кон бараж за Втора лига, а со тоа да направи и експресен кам-бек, откако минатата сезона испадна од второлигашкото друштво. Фаворитот од Дебар трите бодови ги обезбеди во вториот дел.

Леши Фатјон погоди во 21. минута за водство од 0:1 за гостите од Дебар, а во судиското надополнување Марјан Котевски обезбеди 1:1. Во вториот дел Ерјон Кочи и Един Мерсовски погодија за конечни 1:3.

Јанг Тим на крилата на Сеит Крека го доби дуелот со Преспа, откако во 70. и 89. минута искусниот голгетер стрелаше за 2:0.

Демир Хисар прокнижи три бода на гостувањето кај Иднина Боровец каде славеше со 1:3. Домашниот тим уште во 5. минтуа стигна до водство со голот на Хајдароски, а во финишот на првиот дел Ангелевски постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел херој за гостите беше голгетерот Стефан Каревски, кој постигна два погодоци за конечни 1:3.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!