ФОТО: Новаци славеше над Пелистер Трелеборг кој е на подготовки во Македонија

Третолигашот Новаци денес одигра пријателски натпревар со Пелистер Трелеборг од Шведскакој го доби со 3:1. Двоен стрелец за Новаци беше Стефан Стефановски, а еден погодок беше дело на Ице Маркоски.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Инаку, Пелистер Трелеборг е еден од најстарите македонски клубови во странство, а во Македонија ќе помине неколку денови каде ќе ја тестира својата форма преку два пријателски натпревари. Првиот беше одигран денес со Новаци (3:1), а веќе в четврток ќе биде одигран уште еден пријателски меч против битолскиот прволигаш Пелистер на „Петар Милопевски“.

Клубот е формиран од страна на Македонци кои живеат во Шведска во далечнта 1970 година и успешнот опстојува повеќе од 52 годни.
Инаку шведскиот Пелистер се натпреварува во општинска лига во Шведска, а во минатото бил дел и од Вторатa лига на Шведска.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428