ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Новаци подобар од Лирија, високи победи за Преспа, и Кравари, Кораб убедлив и гледа кон Втора лига!

Кораб ја продолжува победничката серија и гледа кон експресно враќање во Втора лига, откако денес со убедливи 3:0 го декласираше составот на Иднина Боровец во рамки на 3. коло од Трета лига – Југозапад. Стрелци за Кораб беа Един Мерсовски, Бљерон Муча и Енес Боличе.

Преспа со двата погоди на НИко Пластиновски и едниот гол на Мевладн Усеиноски го добија дуелот со Демир Хисар со 3:1. За гостите единствен стрелец беше Стефан Каревски.

Новаци со минимални 0:1 славеше во дуелот со Лирија во Грнчари. Единствен стрелец беше на Иве Трифуновски.

Македонија Враништа забележа нов пораз, откако на домашен терен беше поразена од Кравари со 2:5. За домашниот тим двоен стрелец беше Маријан Чолески, а за гостите двојни стрелци беа Благојче Ристески и Мартин Андоновски, стрелец на еден гол беше Темур Емини.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!