ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Новаци ја декласираше Иднина Боровец за висока победа

Новаци продолжува со победите во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, откако денес во воведниот меч од 10. коло со убедливи 4:0 ја декласираше Иднина Боровец.

Резулттот на полувреме беше 3:0 за домашниот тим со што победникот беше решен во првиот дел со погодокот на Стефан Јованоски и двата гола на Јоцо Ѓорговски. На стартот од вториот дел Михаил Котевски постигна гол за конечни 4:0.

ФОТО: Спортска Мрежа | дописник од Новаци

Новаци и Кораб се изедначени на табелата со по 21 бод во борбата за баражот за Втора лига.

Колото ќе биде комплетирано утре, Лирија во Грнчари ќе го пречека Јанг Тим, Преспа дома игра со Кравари, Влазними против Сатеска. Кораб добива службени три бода од мечот со Македонија Враништа, која се откажа од натпреварувањето.

ФОТО: Спортска Мрежа | дописник од Новаци

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!