ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Новаци го доби Влазними, Кораб носи три бода во Дебар, Кравари со висок триумф

Денес беа одиграни натпреварите од 9. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Од пет натпревари беа одиграни четири, бидејќи Македонија Враништа се откажа од натпреварувањето, па Преспа овој меч го доби со службени 0:3 и службени три бода.

Новаци на гостувањето кај Влазними преку пресврт славеше со 2:3 и се врати на победничките патеки. За домашниот тим Шекуткоски и Арслани беа стрелци, додека пак за гостите Јово Ѓорговски беше двоен стрелец, а Стојковски беше стрелец на еден гол.

Кораб во Волино славеше над Сатеска (1:2) преку пресврт и во Дебар носи три важни бодови на патот кон баражот за Втора лига. Даниел Цветаноски ја донесе Сатеска во водство од 1:0 уште во 6. минута од мечот, а по шест минути Фатјон Леши го израмни резултатот на 1:1. Во судиското надополнување од првиот дел Бљерон Муча ги постави конечните 1:2.

Кравари на домашен терен со високи 4:0 ја доби Лирија од Грнчари. Емини беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ристевски и Думбаловски.

Јанг Тим обезбеди три бодови од дуелот со Демир Хисар каде славеше со 2:0 на домашен терен. Сеит Крека во 53. минута го донесе домашниот тим во водство, а пак Атај Уљо со гол во 76. минута ги постави конечните 2:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!