ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
ФОТО: Новаци го декласираше Лажани со ОСУМ погодоци на пријателски натпревар, Стојковски ја искина мрежата

Третолигашот Новаци денес одигра нов пријателски натпревар во рамки на подготовките за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад. На новата контролка Новаци уште еднаш покажа моќ и квалитет, откако со убедливи 8:1 славеше над Лажани.

Херој на мечот беше Антонио Стојковски кој четири пати стрелаше, а хет-трик постигна уште во првиот дел од мечот. Два погодоци постигна Иве Трифуновски, а по еден гол постигнаа Михаил Котевски и Александар Недановски.

Во новата сезона од ТМФЛ – Југозапад, екипата на Новаци има за цел да го напаѓа првото место и преку баражот да атакува на враќање во Втората лига.