ФОТО: Непоразениот лидер Новаци се „остри“ за Кравари

Со супер-дербито в сабота меѓу Новаци и Кравари ќе биде отворено 4. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.
Во четвртата рунда фокусот ќе биде ставен на дерби пресметката меѓу два ривали, во дерби каде трите бодови ќе биде престиж и за двете страни. Победата е императив за докажување и на едните и на другите.

По три одиграни кола Новаци е напоразен лидер во ТМФЛ – Југозапад со максимални 9 бодови, додека пак Кравари со седум бодови е на второто место на табелата.
- Погледнете како течат подготовките на Новаци за супер-дербито против Кравари:
Останатите натпревари ќе бидат одиграни в недела со почеток од 15 часот. Јанг Тим на домашниот терен во Мороишта ќе игра против Македонија од Враништа, Иднина Боровец ќе биде домаќин на Влазними, Демир Хисар ќе се соочи со ланскиот второлигаш Кораб на домашен терен, додека пак во Грнчари ќе се игра пресметката меѓу Лирија и Преспа.