Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Навивачите на Франција го гаѓаа Роналдо со Кока Кола додека славеше гол!

Репрезентациите на Португалија и Франција одиграа нерешено 2:2 во последното коло од групата Ф на Европското првенство, и на овој начин двете селекции се пласираа во следната фаза од натпреварувањето.

Кристијано Роналдо донесе водство за својата Португалија со гол од белата точка во 31-та минута, а само 15 минути подоцна Бензема израмни.

Карим Бензема постигна уште еден гол на почетокот на второто полувреме, со оглед на тоа што Унгарија во тоа време водеше – Португалија ќе беше елиминирана во такви околности.

Сепак, Кристијано Роналдо повторно влегува на сцена и од уште еден пенал го изедначува резултатот на 2:2, подоцна Германците израмнија, а Португалија се пласираше во следната фаза од натпреварувањето како третопласирана репрезентација.

Откако го постигна вториот гол, Кристијано Роналдо започна да го слави пред француските навивачи, што резултираше со фрлање шишиња од Кока Кола кон него, за среќа, го промашија за неколку сантиметри.

Да потсетиме, Кока Кола изгуби над 4 милијарди евра бидејќи токму Роналдо ги тргна шишињата на прес-конференцијата.

Овој чин на Португалецот подоцна ги охрабри и некои други фудбалери да прават слични работи, сè со цел „нешто поголемо“, сè додека УЕФА не издаде забрана за вакви потези.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!