ОстанатоФудбалФудбал - Останато

ФОТО: Најголемиот голмански камп на Балканот во Охрид – 11. РБ „Охрид 2022“

По единаесетти пат најголемиот голмански камп на Балканот повторно во Охрид – 11. РБ „Охрид 2022“. Ова ќе биде единаесетто издание, а дури осми пат во Охрид. Кампот годинава ќе се одржи од 30. јуни до 5 јули.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Се очекува да пристигнат голем број на голмани од целиот Балкан, а Спортска Мрежа и годинава ќе го поддржи најголемиот голмански камп на Балканот.

Доделување сертификат на Спортска Мрежа

Првиот „РБ голмански камп“ започна во Херцег Нови – Црна Гора, а потоа имаше по еден камп во Пефкохори во Грција и Врњачка Бања во Србија, а од јануари 2016 „РБ голманскиот камп“ е во Охрид.

На кампот досега имаат присуствувано тренерите на голмани од женската репрезентација на Србија, Вардар, Војводина, Динамо од Загреб, Партизан и многу други тренери од балканските фудбаслки гиганти. Организатор на овој камп е Бранислав Радојчиќ.

Колку за потсетување, од летниот камп во 2021 година односно од деветтиот по ред камп, Спортска Мрежа е еден од поддржувачите на кампот, а поради големиот интерес кампот беше одржан и зимава од 9 до 14 јануари 2022 година. Кампот е за голмани на возраст од 7 до 19 години и за машки и за женски, со нив ќе работат лиценцирани тренери со искуство.

Тренинзите ќе се одработат на Спортскиот комплекс „Билјанини извори“ во Охрид.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Тоа што треба да се знае за овој камп е што секој учесник ќе има 8 професионални тренинзи по 90 минути, анализа и предавања, опрема за тренинг, сместување во хотел со 5 ѕвезди, квиз со награди, слободно време за учесниците (возење со брод по Охридското езеро и посета на Свети Наум, заедничка забава на плажа) и на крај секој од учесниците ќе добиe сертификат.

Ова е одлична можност за младите голмани бидејќи ќе имаат можност да учат од големи професионалци – тренери на голмани од Балкански фудбалски гиганти, а секако и од голмани кои ќе бидат гости на кампот.

На пример, голманот на Беласица, Иван Николоски нема примено погодок на седум натпревари во Втората лига – Исток односно 630 минути, од 4 декември 2021 година. Овој млад перспективен голман беше четири пати учесник токму на овој камп за голмани кој е најголем на Балканот.

Интересот за кампот е голем и ќе има голмани од целиот Балкан, затоа побрзајте и пријавете се, учествувајте на најдобриот камп за голмани на Балканот и научете многу од големи професионалци кои можат многу да ви помогнат во развојот на вашата кариера.

Пријавувањето е во тек, а доколку сакате да се пријавите, тоа можете да го направите на следниот линк или на вибер на +38160 06 28 987 Бранислав Радојчиќ.

ПРОМОТИВЕН ТЕКСТ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!