Куп на МакедонијаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Голема прослава во соблекувалната на Силекс кој обезбеди полуфинална фаза од Купот

Силекс денес на домашниот терен во Кратово преку пенал рулетот (5:4) ја елиминираше Брегалница и обезбеди полуфинална фаза од Купот на Македонија. Актуелниот Куп освојувач оди чекор напред во борбата за одбрана на Куп титулата.

Голема прослава и позитивна атмосфера во соблекувалната на Силекс после триумфот над Брегалница во Купот на Македонија.

Силекс игра во многу добра форма, а потврда за тоа е што екипата од Кратово моментално е единствениот непоразен фудбалски клуб во Првата и Втората фудбалска лига – Исток и Запад. Кратовци важат за главни фаворити за експресен кам бек во елитата, а потврда за тоа е што Силекс се наоѓа на врвот од табелата со 34 бодови или девет повеќе од второпласираната Воска Спорт, а дури 14 повеќе од третопласираниот Вардар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!