(ФОТО) Мукаетов: Македонската ракометна репрезентација е комплетно подготвена и задоволна што ќе игра на СП 2021

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, испрати допис до Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) и се заблагодари на добиената шанса Македонија да биде дел од Светското првенство во Египет.
„Драг господин претседателе на ИХФ, ценет Д-р Мустафа, мој пријателе. Драг Генерален директор на ИХФ.
Во името на Ракометната федерација и во мое име би сакал да се заблагодарам за поканата нашиот национален тим да игра на ракометниот спектакл во Египет. Македонската ракометна репрезентација е комплетно подготвена и задоволна што ќе игра на СП 2021. Би сакал да се заблагодарам за поддршката која ИХФ ја овозможува за Ракометната федерација на Македонија во мисијата ракометот да биде спорт број еден во нашата земја“, вели Мукаетов.

Македонија ќе игра на местото на Чешка и ќе биде во групата Г заедно со Египет, Шведска и Чиле. Првиот натпревар го играме веќе во четврток против Шведска, потоа со Египет во сабота (16 јануари) и со Чиле во понеделник (18 јануари).