ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Мирчевски донесе бод за Академија Пандев, Струга дома се враќа непоразена

Вечерва во Струмица под рефлектори Академија Пандев и Струга Трим Лум одиграа нерешено 1:1 со што беше комплетирано 1. коло од новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

Во вечерен термин со присуство на публика на „Благој Истатов“ гледавме интересен натпревар со многу шанси и кај двете екипи. „Пандевци“ во вториот дел, откако резултатски се вратија правеа голем притисок за трите бодови, но сепак на крај мораше да се задоволат со реми и поделба на пленот.

Тиквеш до бод против шампионот Шкендија, „лавовите“ и Работнички тргнаа со победи

Струга прва дојде до водство со голот на Емир Скендери. Академија Пандев резултатски се врати во игра во 54. минута преку голгетерот Мартин Мирчевски кој и во новата сезона во дресот на струмичкиот прволигаш продолжува да тресе мрежи.

ФОТО: Спортска Мрежа

До крајот на натпреварот желбата за победа на стартот од новата сезона, желбата за трите бодови кај фудбалерите на Академија Пандев беше голема, но, Струга успеа да ја преживее Струмица и дома да се врати со бод.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!