ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Милушев и пресуди на Слога, Победа е есенски првак на Истокот

Денес во рамки на 15. коло од Втората лига – Исток беа одигра три од пет натпревари. Во Радовиш и Гевгелија не се одиграа предвидените натпревари бидејќи немаше услови.

Денешнто коло донесе промена на табелата во Втората лига – Исток, Победа го искористи „киксот“ на Слога во Струмица и се израмни на врвот од табелата, а поради подобрата гол-разлика ќе биде есенски-првак.

Беласица на домашен терен со високи 3:0 го „тресна“ амбициозниот лидер Слога од Виница. Херој за домашните беше капитенот Александар Милушев кој беше двоен стрелец, а во вториот дел младиот голгетер Васил Крстев го постигна третиот погодок за струмичани за конечните 3:0.

Беласица – Слога Виница

Победа очекувано забележа висок триумф над Локомотива од Градско со убедливи 4:0. Во првиот дел мрежите и на двете страни мируваа, а на стартот од вториот дел Игор Момировски го отвори резултатот за водство на Победа од 1:0. Следуваа три брзи гола со што беше запечатена судбината на Локомотива. Бојан Спиркоски беше двоен стрелец, а погодок постигна и Давид Јошески.

Каменица Саса дојде до минимален триумф (0:1) на градскиот стадион во Штип против Кит Го. Виктор Марковски стрелаше пред крајот на првиот дел од мечот и ги обезбеди трите бодови.

Кит Го – Каменица Саса

Двата одложени натпревар меѓу Кожуф – Братство и Детонит – Осогово ќе бидат одиграни во вторник со почеток од 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!