ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Метин Ќерими е ново засилување на Борец

Второлигашот Борец од Велес го промовираше Метин Ќерими како најново засилување за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига.

Ќерими во Велес доаѓа од второлигашот Братство од Житоше, екипа која експресно отпадна во Трета лига – Југ.

20-годишникот во зимскиот преоден рок (јануари 2022) во Братство пристигна од редовите на Воска Спорт од Охрид, а во својата кариера има настапувано и за нисколигаши во Швајцарија.

Целта на Борец во новата сезона ќе биде атак на местата кои водат во Прва лига и со тоа да направи експресно враќање во елитното друштво во Македонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!