Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Меси, Нејмар, Мбапе …, вака треба да изгледа стартниот состав на ПСЖ

Со доведувањето на Лионел Меси, Пари Сен Жермен веројатно го заврши преодниот рок кога станува збор за пристигнувањата.

Потоа следуваат продажби, позајмици, раскин на договори со играчи кои не се во преден план со Маурисио Покетин, или оние во кои „светците“ гледаат шанса да ја наполнат касата.

А како треба да изгледа стартниот состав на парижаните оваа сезона ?

Меси го прави тимот барем 30 проценти посилен, иако ПСЖ имаше тим подготвен да ги брка сите трофеи оваа сезона и пред доаѓањето на Аргентинецот.

Пред Меси, во Градот на светлината пристигнаа и голманот Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими, Серхио Рамос и Џорџино Вајналдум.

Кога се ќе се собере – ПСЖ му плати само на Хакими (Интер помеѓу 65 и 70 милиони евра), сите други пристигнаа без надомест.

Потенцијален почеток 11:

ФОТО: 90min.com

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!