Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Меси дебитираше, дали Мбапе се збогуваше со два гола ?

Во четвртото коло од францускиот шампионат, ПСЖ го победи Ремс со 0-2 на гости, а дуелот го одбележаа Килијан Мбапе и дебитантот Лионел Меси.

„Светците“ го постигнаа очекуваниот триумф и се единствениот тим со максимален учинок по четири кола, додека Ремс, го забележа првиот пораз по три нерешени средби.

Двата гола за тимот од Париз ги постигна Килијан Мбапе, кој (не) очекувано се најде во првиот тим, со оглед на тоа што се очекува во следните два дена да го задолжи дресот на Реал Мадрид.

Младиот напаѓач својот тим го донесе во водство во 16. минута, по асистенција на Анхел Ди Марија, а вторпат го капитулираше Рајковиќ во 64. минута. Во меѓувреме, голот на домашната екипа беше поништен во 51. минута по проверка на ВАР.

Моментот што навивачите на ПСЖ долго го чекаа се случи во 66. минута, кога Меси влезе на теренот наместо Нејмар.

„Светците“ ќе го пречекаат Клемон во следното коло, а Ремс ќе се обиде да ја оствари првата победа сезонава на гости против Рен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!