ФОТО: Меѓународен турнир во фудбал за деца „Балкан Промисес“ – Охрид 2022

По пауза од една година поради пандемијата со Ковид-19, на фудбалските терени, повторно се враќа големиот Меѓународен турнир во фудбал за деца „Балкан Промисес“ – Охрид 2022.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Организатор на турнирот е ФК Копенхаген од Охрид, а истиот е планирано да се одржи од 17 до 20 јуни и од 23 до 26 јуни годинава.
Спортска Мрежа медиумски ќе го поддржи големиот Меѓународен турнир во фудбал за деца „Балкан Промисес“ – Охрид 2022.

Натпреварите ќе се одиграат според правилата на УЕФА и ФИФА, а според системот на натпреварување во рамки на првото коло екипите ќе бидат поделени во групи од по 4 екипи, секоја екипа ќе одигра по три натпревари во групата односно секоја со секого, а првите две најдобро пласирани ќе продолжат во следната фаза. Во второто коло, односно во втората фаза ќе има нова ждрепка, а натпреварите ќе продолжат со „нокаут“ систем.
Финалето за првиот турнир кој ќе стартува на 17. јуни (недела) ќе се одигра на 20. јуни (понеделник), а пак за вториот турнир кој ќе стартува на 23. јуни (сабота) финалето е закажано за 26. јуни (вторник).

Натпреварите ќе се одиграат на Спортскиот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид. Категоријата на фудбалери кои можат да учествуваат на турнирот се деца родени од 2009, 2010, 2011, 2012 и 2013 година. Генерациите 2009, 2010 и 2011 ќе се натпреваруваат во формат 8+1 играчи, генерацијата 2012 во формат 7+1 играчи и генерација 2013 во формат 5+1 играчи.
Натпреварите ќе се одиграат во две полувремиња од по 20 минути во период од 9 часот до 12 часот и во период од 17 до 20 часот.
Награди:
Прво место: Пехар, диплома, фудбалска топка и медали;
Второ место: Пехар, диплома, фудбалска топка и медали;
Трето место: Пехар, диплома и спортски маици;
Фер-плеј екипа: Пехар, диплома, медала и еден пар копачки;
Најдобар голман: Пехар, диплома, медала и еден пар голмански ракавици.

Интересот за овој турнир е голем, а покрај екипи од Македонија, ќе има екипи и од останатите држави од Балканот што ќе донесе интересни и возбудливи натпревари од меѓународен карактер.
Пријавувањето трае заклучно со 5 јуни годинава (недела), а може да се пријават кај Митко Стојаноски – Лама, 076 / 296 – 957.
ПРОМОТИВЕН ТЕКСТ