ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Малеш убедливо го победи Карбинци на пријателски натпревар во Берово

Третолигашите Малеш и Карбинци одиграа пријателски натпревар во рамки на подготовките за новата сезона од Трета лига – Исток, која треба да започне 11. септември.

Пријателскиот натпревар се одигра на Градскиот стадион во Берово и заврши со убедлива победа од 4:1 за Малеш. Гостите на полувреме имаа водство од 0:1, а во вториот дел домаќинот направи комплетен пресврт и стигна до висока победа.

Стрелци на погодоците за Малеш беа Пилов, Пачарски, а Шонтевски беше двоен стрелец, додека пак Пачемски запиша трите асистенции, а една впиша и Пачарски.

Токму овие две екипи ќе се соочат на стартот од сезоната, односно во 1. коло Карбинци ќе биде домаќин на Малеш.

Целиот распоред за новата сезона од Трета лига – Исток можете да го погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!