ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
(ФОТО) Малеш со интензивни тренинзи и на снег, во сабота контролка со младинците на Беласица

Иако Градскиот стадион „Димитар Беровски“ во Берово беше покриен со снежна покривка, Малеш продолжува со интензивни тренинзи за пролетните предизвици во Третата лига – Исток.

Во сабота следи контролен натпревар со младинците на Беласица во Струмица, откако претходниот контролен натпревар со Каменица Саса поради отежнатите временски услови беше одложен.

Третолигашот од Берово беше најактивен на трансфер пазарот и во пролетната полусезона влегува значително засилен и ќе се бори за првото место и влез во Втората лига – Исток, што е стартна цел на Малеш за тековната сезона.
Фотогалерија од денешниот тренинг на Малеш.