РакометРакомет - Македонска репрезентација

(ФОТО) Македонија во група А со Словенија, Данска и Црна Гора на ЕП 2022

Ракометната репрезентација на Македонија денес ги доби противниците за Европското првенство кое се игра во јануари 2022 година во Унгарија и Словачка.

Нашите ракометарите ќе бидат во групата А со селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора.

Првиот натпревар го играме на 13. јануари против Словенија, два дена подоцна односно на 15. јанури ќе ги одмерите силите со Црна Гора, додека на 17. јануари ќе играме повторно со силната Данска.

Најдобрите две селекции од групата А ќе играат со најдобрите две од групите Б и Ц во главната рунда на Европското првенство.

Европската титула ја брани Шпанија која лани во финалето славеше над Хрватска.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!