ФудбалФудбал - Македонска репрезентација
ФОТО: Македонија очекувано со триумф над Гибралтар

Сосема очекувано фудбалската репрезентација на Македонија со 0:2 триумфираше над Гибралтар на гостински терен, во рамки на вториот натпревар од групата Ц од Лигата на нации.
Македонија резултатот го отвори во 21. минута од мечот со голот на Енис Барди, со што нашата репрезентација на полувреме имаше водство од 0:1.

Во вториот дел од мечот селекторот Милевски направи неколку измени на теренот, а Бобан Николов во 84. минута од натпреварот погоди за конечни 0:2 и цел плен за нашата репрезентација.