ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Македонија ЃП ги започна подготовките, Таневски доби нови соработници

Македонија Ѓорче Петров ги започна подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ вчера го имаа првиот собир со тренерот Александар Таневски.

Стручниот штаб доби двајца нови соработници, Мухамед Бајрами и Мане Манев.

Клубот засега нема нови засилувања, а претходно соработката со „лавовите“ ја продолжија Филиповски, Фазли, Адем и Божиновски.

Македонија Ѓорче Петров минатата сезона беше одлична, но на крај ја загуби битката со Струга Трим Лум за третото место, па стружани ја обезбедија „визата“ за Европа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!