ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Македонија го тресна Црно Буки во дербито во Враништа, Демир Хисар со убедлива победа!

Денес со четири натпревари беше комплетирана 16 рунда од Третата фудбалска лига – Југозапад.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Целиот фокус беше насочен кон големото дерби во Враништа каде Македонија на крилата на Методија Милевски го доби Црно Буки со што момците на Ѓоце Крстаноски сега се втори на табелата токму пред Црно Буки и се приближија до врвот од табелата каде што е Караорман.

Погодокот во Враништа падна во првиот дел кога Милевски ја затресе противничката мрежа во 28. минута од мечот за голема радост на верната публика која беше во голем број.

Верната публика во Враништа секогаш со поддршка за својата Македонија

Преспа забележа минимален триумф (0:1) над Лирија од Грнчари, а стрелец на единствениот победнички гол за ресенчани беше Нико Пластиновски кој стрелаше во 67. минута.

Демир Хисар на домашен терен со убедливи 4:0 ја распадна Победа од Ивањевци во меч каде домаќинот имаше апсолутна доминација на теренот. Во убедливата победа на Демир Хисар по два погодоци постигнаа Аце Радовски и голгетерот Стефан Каревски.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Влазними со 2:0 го доби кравари на домашен терен во меч каде резултатот беше отворен уште во 5. минута со голот на Арди Полиси. Вториот погодок падна во 60. минута, а стрелаше Рејхан Џелеши.

Вчера во воведниот меч Новаци со 5:1 се „распука“ кон Сатеска од Волино.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!