ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Луд меч со пет гола во Кратово, Брегалница го тресна шампионот Шкупи, Струга со нов убедлив триумф

Голем триумф забележа Брегалница во рамки на 6. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако со 2:0 беше подобра од актуелниот шампион Шкупи. Двоен стрелец на Градскиот стадион во Штип за „сините“ беше Ѓорѓи Ѓорѓиев.

ФОТО: ФК Брегалница

Шкендија се врати во Тетово и одигра 1:1 против Македонија Ѓорче Петров. Гостите од Ѓорче први го отворија резултатот во 55. минута со гол на Арби Воша, додека пак Љупчо Дориев беше стрелец за тетовци во 63. минута за конечни 1:1.

Скопје го доби дербито од долниот дел на табелата против Победа, откако на „Железарница“ славеше со минимални 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Христијан Кировски.

Луд меч се одигра во Кратово каде паднаа пет погодоци, а на крај Силекс со 3:2 славеше над Тиквеш.

Резултатот во Кратово го отвори Владимир Петровиќ во 38. минута за 1:0 на полувреме. На стартот од вториот дел Барга Нгоба Анаел погоди за 1:1, а во 67. минута новото засилување Даниел Миловановиќ постигна гол за пресврт и водство на кавадарчани од 1:2. Радоста на гостите траеше кратко, бидејќи Арсим Љамалари во 75. минута постигна гол за 2:2, а пак Дамјан Масевски во 84. минута стрелаше за 3:2.

Струга Трим Љум ја збриша Академија Пандев среде Струмица со убедливи 0:3. Победничката серија на стружани продолжува, а денес беше впишан шестиот триумф во низа. Резултатот го отвори Буњамин Шабани во првиот дел, додека пак во второто полувреме Бесарт Ибраими и Зија Мерџани погодија за конечни 0:3.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!