ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Локомотива од Градско со новиот тренер Тодоровски ги започна подготовките за Втора лига – Исток

Локомотива од Градско вчера и официјално ги започна подготовките за новата сезона од Втората лига – Исток. Клубот од Градско ќе има историски настап во второлигашкото друштво, откако минатата сезона екипата предводена од Сашко Пановски заврши на првото место во Третата лига – Југ и директно се пласираше во ВМФЛ – Исток.

Во новата сезона клубот ќе биде предводен од Диме Тодоровски, а во стручниот штаб останува и понатаму досегашниот тренер Сашко Пановски. Тренер на голманите ќе биде Сашко Паунов.

На првиот тренинг со екипата беше присутен и градоначалникот на општина Градско, Роберт Бешовски кои ги поздрави играчи и им посака успешна сезона со нови успеси. Инаку општината е главен финансиер на клубот и со големата поддршка во изминатиот период клубот направи успех и успеа да се избори за настап во Втората лига – Исток.

Како што дознава Спортска Мрежа од вчера со екипата на подготовките има и неколку играчи од Прилеп, па во следниот период ќе биде познато дали со истите ќе биде склучена соработка.

Стручниот штаб веќе работи на дефинирање на контролните натпревари преку кои ќе се темпира формата за историскиот настап во Втората лига – Исток.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!