Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Ливерпул доби дозвола, „Енфилд“ добива 7.000 нови места

Ливерпул доби дозвола за ново проширување на стадионот со што капацитетот на „Енфилд“ треба да биде 61.000 места, односно додадени 7.000 нови места.

Градските власти во вторникот гласаа за реновирање и проширување на „Енфилд“, и покрај некои поплаки од локалните жители кои изразија загриженост за претстојните работи.

Новиот проект за проширување, како што објави клубот, ќе заврши во 2023 година.

„Ова е голем чекор напред кон остварување на нашата желба повеќе навивачи да можат да дојдат на стадионот. Поминавме низ два круга строги протоколи за консултации со локалната заедница за време на процесот на планирање и би сакал да им се заблагодарам на сите за придонесот во овој проект“, рече директорот на Ливерпул, Енди Хјуз.

Покрај градежната дозвола, Ливерпул во вторникот доби дозвола да одржи шест концерти и големи настани на стадионот за период од пет години.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!