ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Лирија од Грнчари подобра од Новаци на пријателски меч

Третолигашите Лирија од Грнчари и Новаци вчера одиграа пријателски натпревар, кој заврши со висок триумф за Лирија од 8:3.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Двете екипи интензивно се подготвуваат за новата сезона од Трета лига – Југозапад, која треба да започне на почеток од месец септември, а каде ќе има тешка конкуренција за врвот.

До победата Лирија стигна со хет-трикот на Тони Настевски, двата погодоци на Фатон Таири, како и постигнатите голови на Бале Наумовски, Хеџми Реџепи и Џемил Исмаили.

За Новаци стрелци беа Антонио Стојковски, Мартин Кузмановски и Стефан Стефановски.

Инаку, пред две недели овие две екипи одиграа пријателски натпревар, тогаш победник беше Новаци со резултат од 4:2.

Во новата сезона од Трета лига – Југозапад, екипата на Новаци влегува со високи цели – атак на врвот од табелата и преку баражот враќање во Втората македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!