Европски ФудбалФудбал
ФОТО: Лидс се раздели со Алиоски, клубот не го продолжи договорот

Англискиот прволигаш Лидс преку соопштение информираше дека македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски нема да биде дел од тимот за новата сезона. Алиоски кариерата ќе ја продолжи во нов клуб, а во следиот период ќе биде познато каде 29-годишникот ќе игра.
Македонскиот репрезентативец во дресот на Лидс одигра 171 натпревар и постигна 22 гола за четирите години поминати на „Еланд Роуд“.
Пред пристигањето на Алиоски во Лидс тој настапуваше за швајцарскиот Лугано.
Во однос на можните дестинации за Алиоски според медиумите се шпекулира за турските гиганти, како и за ЦСКА Москва.