ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Лидерот Вардар Неготино му го зеде „скалпот“ и на Бучин, Големо Коњари ја испрати Локомотива во Градско со полна мрежа

Текстот го спонзорираше Revolution Development

Вардар Неготино ништо не го запира на патот кон нов бараж за конечно враќање во Втората македонска фудбалска лига. „Вардарци“ немаат проблем да победуваат ниту на гостински терен, а денес со 2:4 го „тресна“ и Бучин и на своето конто впиша нови три бодови.

Зоран Мирчески беше двоен стрелец за домашниот тим, кој стрелаше во вторито дел, додека пак за гостите од Неготино погодија Кирил Неделков и Антонио Јанев за водство од 0:2 на полувреме, а во вториот дел погоди и Дарко Нацев, додека пак Христијан Димовски си постигна автогол за конечни 2:4.

Големо Коњаре продолжува да прави притисок и од сенка да го напаѓа лидерот Вардар, откако денес на домашен терен со убедливи 5:1 ја тресна Локомотива и во Градско ја испрати со полна мрежа.

Ланскиот второлигаш немаше сили да го запре налетот на разиграниот домаќин, кој до победата стигна со двата погодоци на Михо Андреевски, како и со погодоците на Владимир Бешовски, Блеранд Ќамили и Андреј Пуцакоски, додека пак за Локомотива единствен стрелец беше Агуш Шабаноски во 87. минута од мечот.

Марена со убедливи 3:0 славеше над Слога и ги грабна трите бодови. Давид Елезов уште во 4. минута од мечот ја отвори Слога, пред крајот на првиот дел голгетерот Александар Велјанов постигна гол со што ја дуплираше предноста пред паузата. Во вториот дел Дејан Митров ги постави конечните 3:0.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Превалец без проблем го доби Росоман (2:0) и стигна до нова победа на домашен терен. Стефче Илиевски во 19. минута го донесе својот тим во водство, а во вториот дел Живко Ѓорѓиевски стрелаше за конечните 2:0.

Питу Гули во Кривогаштани славеше над Младост (1:2) и во Крушево се враќа со три бодови. Гостите на полувреме имаа водство од 0:2 со головите на Јани Пажиќ и Филип Кукески. Конечните 1:2 ги постави Димитар Китаноски во 47. минута од мечот.

„Фенерџијата“ Обршани го „тресна“ Канатларци со убедливи 2:5 и го прескокна на табелата. Дербито од дното на табелата донесе промени по десет кола. Сега Канатларци е на дното од табелата со 2 бодови, а пак Обршани е претпоследен со 3 бодови. Херојот на Обршани беше Антонио Димоски кој четири пати ја тресеше мрежата на домашниот голман.

Во првиот дел паднаа дури четири погодоци, а резултатот на полувреме беше 2:2. Денис Мустафоски постигна гол за водство на Канатлари од 1:0 во 26. минута од мечот, а потоа Димоски со два гола во 33. и 38. минута со пресврт донесе водство за Обршани од 1:2. Пред крајот на мечот Мурат Сулејман го израмни резултатот на 2:2.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Во вториот дел Обршани доминираше на теренот и преку новите два погодоци на Антонио Димоски и голот на Никифор Ујгуноски беа поставени конечните 2:5.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!