ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Лидерот Струга заборави да победува, Брегалница го „тресна“ Тиквеш, голем бод за „пандевци“ во Тетово

Македонија Ѓорче Петров го забележа највисокиот триумф од 1:3 над Победа среде Прилеп и со тоа го прескокна Работнички на табела. „Лавовите“ први стигнаа до водство на „Гоце Делчев“ со голот на Аган Абази во 29. минута, а само три минути подоцна Огнен Ѓурковиќ постина гол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел „лавовите“ со голот на Емир Скендери го вратија водството на 1:2 и со тоа во финишот на мечот влегоа со поголем мотив во борбата за трите бодови. Во 81. минута Филип Алексовски ги реши сите дилеми околу победникот, откако постигна гол за конечни 1:3.

Тиквеш не го „преживеа“ Штип и дома се враќа со пораз, откако загуби од Брегалница (2:1). Штипските „сини“ на своето конто впишаа три големи бодови. Резултатот го отвори Милан Џокиќ уште во 4. минута од мечот, а до крајот на првиот дел мрежите мируваа. На стартот од второто полувреме Љупче Кудев со супер-гол во мрежата на Димовски, ја дуплираше предноста на Брегалница од 2:0.

Тиквеш во продолжението од мечот во Штип брзо се сосема по двата примени погодоци и преку Александар Мишов во 64. минута го намали водството на противникот на 2:1, но до крајот на мечот немаше сили за израмнување на мечот, па дома си оди со празни раце.

Лидерот Струга Трим Љум и дефинитивно заборави да победи, откако петти натпревар по ред нема триумф. Стружани денес одиграа 1:1 против Работнички на теренот на ФФМ во Скопје.

„Романтичарите“ преку резервистот Николче Шаркоски во 68. минута стигнаа први до водство од 1:0, но радоста траеше само четири минути, откако Буњамин Шабани постигна гол за конечните 1:1.

Академија Пандев никако да победи, но барем обезбеди бод од тешкото гостување во Тетово, каде против Шкендија одигра 1:1. Мечот го одбележа инцидентот во судиското надополнување, кога Билали го удри гостинскиот играч во 98. минута, а потоа и го клоцна додека беше на земја за што судијата веднаш му покажа црвен картон. За ваквиот неспортски потек Сабит Билали го очекува суспензија.

Шкендија преку поранешниот играч на струмичани, Љупчо Дориев стигна до водство уште во 9. минута од мечот. На полувреме резултатот беше 1:0 за домашниот тим. Во вториот дел по една грешка на домашниот голман Костадин Захов, гостинскиот фудбалер Мартин Ѓоргиевски се најде на вистинското место и успеа да ја смести топката во противничката мрежа за 1:1 во 69. минута од мечот.

Во продолжението од мечот Шкендија имаше сериозен притисок за гол и за освојување на трите бодови, но залудно, бидејќи не можеа да ја пробијат одбраната на Академија Пандев.

Доминацијата на Шкеднија беше залудна, а „пандевци“ во Струмица се враќаат со голем бод од Тетово.

Во вчерашниот воведен натпревар одигран во Автокоманда, Скопје и Силекс го поделија „пленот“ играјќи без погодоци (0:0).

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!