ЕУРО 2020Фудбал

ФОТО: Крос се збогуваше со Германија

Тони Крос повеќе нема да игра за репрезентацијата на Германија. По 106 одиграни натпревари за националниот тим, одличниот играч за врска реши дека е вистинско време да се збогува.

Асот на Реал Мадрид одлуката ја објави на својот Инстаграм профил.

Како што истакнува, му требало многу време да се одлучи на овој чекор.

„Во мојата глава созреа дека нема да играм на Светското првенство во Катар во 2022 година. Сакам да се фокусирам на Реал Мадрид. Исто така, сакам да направам пауза во летната сезона, која ја немав 11 години. Сакам да поминувам повеќе време со сопругата и децата. За мене беше чест да го носам дресот на репрезентацијата толку долго.“

Крос им се заблагодари на сите од кои имаше поддршка на својот пат.

„Навивачите ме мотивираа со својот аплауз и овациите. Благодарност до критичарите за дополнителната мотивација. И секако на селекторот Јоаким Лев. Тој не направи светски шампиони. Тој ми веруваше и ни помогна да напишеме успешна приказна. Тоа беше чест. Му посакувам многу среќа на новиот тренер Ханси Флик“, заврши Крос.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!