(ФОТО) „Кривогаштани 2022“: Јанески Транс се распука на стартот, Тинко 10 со висока победа

Синоќа започна турнирот во мал фудбал „Кривогаштани 2022“ каде 28 екипи ќе се борат за високи парични награди. Синоќа беа одиграни првите четири натпревари од првиот ден на турнирот.
Во првиот меч екипата на Крушево со 2:1 беше подобра од Термини, додека пак во вториот меч Добрушево беше декласиран од екипата на Јанески Транс со високи 0:6.

Во вториот меч кој донесе возбуда за сите гледачи, екипата на Дрим Тим загуби од Големо Коњари со минимални 1:2. Во последиот меч Трновци загуби со високи 1:3 до Тинко 10.
Вечерва на програмата се нови четири натпревари, а првиот ќе стартува во 20:00 часот.
- Распоред среда (10. август):
20:00 часот: Ел Чапо – Ношпал
20:45 часот: Центар – Ватростална
21:20 часот: Кривогаштани – Крушево
21:50 часот: Леарт Комерц – Алданци
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Турнирот во мал фудбал „Кривогаштани 2022“!