ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

(ФОТО) Костов: Ќе се вратам уште посилен!

Денес во „Аџибадем Систина“, фудбалерот на Тиквеш, Стефан Костов имаше успешна хируршка интервенција на коленото. Стефан се чуствува одлично и ветува дека ќе се врати уште посилен. Според првичните сознанија, фудбалерот го чека неколку месечна рехабилитација, а од кавадаречкиот прволигаш се надеваат дека ќе се врати во вториот дел од првенството.

„Од името на ГФК Тиквеш му посакуваме многу здравје и што побрзо да се врати на терените“, велат од кавадаречкиот клуб.

Инаку, новата сезона од Првата лига екипата на Тиквеш ја отвара во недела со почеток од 17:30 часот против актуелниот шампион Шкендија. Натпреварот ќе се игра на Градскиот стадион во Прилеп.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!