ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Клими го доби дербито со Конзули среде Битола

Вчера беше комплетирано 7. коло од Втората футсал лига на Македонија со дербито во Битола каде славеше Клими со 5:6 над Конзули.

На средбата паднаа два автоголи, а во редовите на кавадаречкиот второлигаш Ѓорѓи Шишков постигна два погодоци и еден автогол, двоен стрелец беше Мартин Никови, по еден гол постигнаа капитенот Виктор Аризанов и Дане митрев, а автогол си постигна Филип Грујоски.

КМФ Конзули – Битола

Во редовите на Конзули по еден гол постигнаа Стефан Стефановски, Вељан Пејовски и Христијан Ристевски.

Лидер на табелата остнува Кеги Моби со 18 бодови, а на делба на второто место со по 17 бодови се екипите на Мај Ајакс и Форца, додека пак на четвртото место е Конзули со 15 бодови, а по 13 имаат Клими и Астибо кој ја делат петтата позиција на табелата.

КМФ Клими – Кавадарци

На дното без бодови и понатамува остануваат Кардшлк, Црешево Топче и СФК Проект.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!