ЕУРО 2020Фудбал

ФОТО: Кјаер е голем човек: Му помогна на Ериксен, па му ја тешеше сопругата!

Страшна беше глетката кога Кристијан Ериксен Падна на тревникот на „Паркен“ откако ѕвездата на Интер ненадејно колабираше и се струполи.

Данскиот фудбалер Симон Кјаер е јунакот на денот, бидејќи тој прв скокна врз Ериксен кога играчот падна на тревникот и веднаш спречи давање откако му го извади јазикот од грлото.

Тој веднаш почна да мафта, по што лекарите влетаа на терен, направи „штит“ околу Ериксен со цел да не снимаат камерите и на крај му ја тешеше расплаканата сопруга која беше во тотален шок после целата ова ситуација која се случи.

Неговата реанимација траеше долго, а сите играчи на теренот, навивачите покрај стадионот, гледачи покрај малите екрани беа со единствена мислам – играчот да остане жив и здрав.

Според последните информации од УЕФА, ѕвездата на Интер е свесен и буден во болницата во Копенхаген. Подетални информации ќе следуваат наскоро.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!