ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Кеги Моби среде Битола го „столчи“ Конзули и остана осамен на врвот со максимални бодови

Наместо дерби на колото, тотална доминација – Кеги Моби со фуриозно издание го понижи Конзули среде Битола и остана осамен на врвот од табелата со максимални 15 бодови.

Првиот дел од натпреварот заврши со минимална предност за гостите од Велес со резултат од 0:1, а стрелец на погодокот беше искусниот Димче Тодоровски во 15. минута. Домашните имаа сили за отпор само во првиот дел, во вториоте 20 минути Кеги Моби со тотална доминација ја понижи екипата на Конзули.

По две минути игра во вториот дел Стефан Стефановски погоди за 1:1 и го врати Конзули во игра за трите бодови. По пет минути игра Жарко Спасовски ја стресе мрежата на противникот за ново водство на Кеги Моби од 1:2. Димче Ѓуров во 33. минута постигна гол за водство од 1:3, а по една минута Зоран Трајков погоди за високи 1:4. До крајот на натпреварот домашниот голман два пати капитулираше, а двоен стрелец беше Бобан Давчевски во 37. и 39. минута за конечните 1:6.

По пет одиграни кола Кеги Моби има максимални 15 бодови и се наоѓа на врвот од табелата, а на делба на второто место се Конзули и Астибо со по 12 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!