ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Карбинци ги започна подготовките, новиот тренер Натков ја имаше првата прозивка

Третолигашот Карбинци од вчера и официјално ги започна подготовките за новата сезона од Третата лига – Исток. Новиот тренер Мирче Натков ја имаше првата прозивка на стартот на подготовките за новата сезона во која Карбинци влегува со високи аммбиции – прво место и историски пласман во Втората лига.

На почетокот изостанаа дел од играчите, кои поради лични обврски, на тренинзите ќе се приклучат во текот на оваа недела. Од управата на клубот и на стартот е најавено дека амбициите оваа сезона се висок пласман, борба за влез во повисок ранг, што ќе биде одличен успех како за клубот, така и за самите играчи.

Од вчера инаку започна и младинската школа на Карбинци, во која членувањето за децата од општината е бесплатно. Тоа е добар предуслов за талентираните млади надежи да се здобијат со фудбалско знаење и во иднина да бидат основата за фудбалот во Карбинци. Пријавувањето во младинската школа и понатаму е отворено, заинтересираните можат да се пријават и на самите тренинзи кои се одржуваат на игралиштето во Карбинци.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!