ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Карбинци ги стартува подготовките со амбиции за историски пласман во Втората лига!

Третолигашот Карбинци на 9. август (понеделник) ќе ги започне подготовките за новата сезона од Третата лига – Исток. Во новата сезона Карбинци ќе биде предводен од нов тренер, Мирче Натков, досегашен теренер на Чешиново ќе биде новиот кормилар на Карбинци. Натков имаше успешна кариера како играч, а најмногу се паметат настапите за прволигашите Силекс од Кратово и прилепска Победа.

Зачуван е костурот на екипата од минатата сезона, но, со оглед на амбициите на клубот да се бори за врвот на табелата во Третата лига – Исток, да се вклучи во борба за промоција во второлигашката конкуренција и да забележи историски успех, обезбедени се и квалитетни засилувања во играчкиот кадар. Станува збор за квалитетни играчи, од кои дел веќе имаат и второлигашко искуство, а нивните имиња ќе бидат официјално објавени во текот на следната недела.

Новина во Карбинци е и започнувањето со детска и младинска школа, во која младите таленти од општината Карбинци ќе можат да членуваат бесплатно.

Подготовките на тимот за новата сезона ќе се одвиваат на игралиштетот во с. Карбинци, а ќе се одиграат и неколку контролни натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!